Sunday, March 31, 2013
Поплави во Македонија
Hема година, а да не се случат неколку поројни дождови, кои со надојдената вода од снеговите што се топат, ги излеваат реките од нивните корита. Секако Македончето е мајстор за паника, а медиумите едноставно додаваат шлаг на веќе доста издуваната ситуација.
Еве како би реагирале некои од поглавните актери во сета оваа комедија :
- позиција : БРАНКО Е КРИВ!
- опозиција : ГРУЈО Е КРИВ! ОПТОР! ОДИМЕ НЕ ОДИМЕ НА ИЗБОРИ!
- народот : Господ не казни!
- Господ : Да бе, ја со вас ќе се замарам.
- Латас : Надојдената вода во нашите прекрасни и плодни полиња, фудбалски игралишта на кои младите се обидуваат да водат здрав физички и психички живот, патиштата кои со декади не беа обновувани се додека не дојде на власт Вмро, е како резултат од дискриминаторско-криминалистичката политика на еден одреден човек и социјалниот сојуз.
- А1 : Не постои.
- Скопјани : Леле маче, ќе се удавиме, леле глеј шо ни направија провинцијалциве, дојдоа и дождот го донесоа. Хелоу, нема ниви тука. Мислам, леле…
- Охриѓани : Ногу љубам да веслам…
- Кумановци : Дојде Дунав у Куманово.
- Струмичани : Без коментар.
- Штипјани : Леле стадионо, леле стадионо базен стана.
- Кочанчанци : Ојде мостето кај парко! (ставено е едно дрвено мосте за внимание да привлече на тоа колку ни е убава реката. Ама копилето ко за инает не се даде на водата.)
А останатиот нормален свет едноставно си носеа чадори или си седеа дома.
Ех, оваа моја чудесна земја…
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment