Кога би знаела, дека поради тебе полудувам. Кога би знаела дека поради тебе поминувам часови и бесони ноќи, размислувајќи дали нешто би било поинаку ако не постапив така. Создавајќи безбројни сценарија и размислувајќи дали нешто би се сменило ако не ти го кажев тоа или пак ако кажев нешто друго.
Кога би знаела, дека поради тебе започнав да го сакам светот, да ги гледам нештата поинаку. Кога би знаела дека поради тебе почнав да се смеам и да бидам радосен, а не да ја носам таа лажна гримаса од која ми се гади. Кога би знаела дека тоа што ти ми ги кажуваш ми значи повеќе, ако истото нешто ми го каже некој друг. Кога би знаела колку сум среќен ако сум успеал да те насмеам. Кога би знаела дека сум тажен и јас умирам, гледајќи те тажна без притоа да не знам што е причината за твојата тага.
Кога би знаела дека поради тебе почнав да делам повеќе љубов отколку омраза, мислејќи дека светот би бил поубав ако едноставно постои повеќе љубов. Кога би знаела дека ти направи да се чуствувам нешто што долго време го немав почуствувано - живот. Кога би знаела дека поради тебе не се плашам повеќе да ги сакам луѓето, иако секогаш постои големиот страв дека ќе бидам повреден.
Кога би знаела, дека ти можеш само со еден поглед да ме натераш да заборавам на сето она страдање, на сето сивило и депресија што со години се собираше, на сите понижувања што секој ми ги фрлаше ко камен.
Кога би знаела дека штом те погледнам во очи, гледам чиста убавина, совршенство што секој толку го бара, но јас го пронајдов, и еве го овде се крие во твоите очи.
Кога би знаела, дека ти си сето тоа што некогаш сум го барал, дека ти си одговорот на секое прашање, на секоја дилема.
Кога би знаела дека веќе со часови ги избирам зборовите што сакам да ги напишам, што сакам да кажам, но што и да напишам се ми изгледа толку глупо и недокажано...